Професорот и филозоф Љубомир Цуцуловски со свое видување за смртта на Благојче Илиевски додека чекаше лек за цистична фиброза, а надлежните институции не му го обезбедија навреме, и покрај укажувањата и протестите на пациентите со оваа болест во Македонија.
„ЦЕНА. Тврдат дека влезот во ЕУ и НАТО немал цена. Затоа, пак, животот човечки имал цена. Смртта на Благојче Илиевски тоа го потврдува. Почина бидејќи лекот против цистична фиброза имал цена – бил прескап. Значи, животот човечки има цена. Тоа е лекот, кој бил прескап, за некои. Бесчувствителност, бесрамна бесчувствителност и ароганција владеат со Македонија“, резигнирано констатира Цуцуловски.