Цуцуловски: Во Македонија почна процесот на згаснување на нејзините институции

Професорот Љубомир Цуцуловски го коментира прекинот на струја во македонски државни институции и јавни претпријатија поради неплатени сметки.

„ЗГАСНУВАЊЕ. Кога згаснуваат/нефункционираат одредени д р ж а в н и институции/органи (училишта, клинички центри, железница…), затоа што им се прекинува и дотекот на електрична енергија, јасно е дека почнува да згаснува/нефункционира и една држава, бидејќи што е државата без нејзините институции/органи? И како што не е можен животот на еден организам без неговите органи, така е и неможно постоењето на некоја држава без нејзините институции/органи. Во Република (с.) Македонија започна процесот на згаснување на нејзините институции/органи“, констатира Цуцуловски на Фејсбук.