Цуцуловски: Секоја споредба со Македонија е навредлива за камената доба

Филозофот Љубомир Цуцуловски му реплицира на актерот Сашо Тасевски, кој актуелниот хаос околу документите со „Република Македонија“ го спореди со каменото време.

„НЕСПОРЕДЛИВОСТ. Многумина – што од незнаење, што од заборавност – хаотичната состојба во Македонија ја споредуваат со племенската или со онаа од времето на палеолитот или неолитот кои, сеедно на нивната технолошка примитивност, биле строго организирани заедници. Во нив постоеле јасни правила, како и разбирливи вредности на однесување. Секое нивно прекршување, сеедно од кого, било строго и без исклучок казнувано. Многупати и со протерување од заедницата, казна идентична со смртната, бидејќи животот, надвор од заедницата, бил незамислив. Во оваа смисла, Македонија е под секое ниво. Таа е неспоредлива.

П.С. Камената доба, во морална и организациска смисла, е супериорна во однос на Македонија. Затоа, секоја нејзина споредба со Македонија за неа е навредлива“, напиша Цуцуловски на Фејсбук.