Професорот и филозоф Љубомир Цуцуловски со услов за политичките партии пред евентуално распишување предвремени парламентарни избори.
„ПРОМЕНИ? Пред одлуката за нови парламентарни избори неопходно е секоја партија, без исклучок, н е д в о с м и с л е н о и официјално да соопшти дали е за уставни промени или не, бидејќи Уставот не е ничиј алабакџиски тефтер, кој по сечија желба може да се отвора/менува, како што некои бизарни персони сугерираат и притискаат“, реагира Цуцуловски на Фејсбук.