Професорот Љубомир Цуцуловски ги лоцира причините за бурните реакциии за поставувањето на крст на Попова Шапка и смета дека нереагирањето на државата на споменикот на УЧК во Сопот на наводно приватен имот.

„Постои ли разлика дали произведувам недозволени опојни средства на свој имот или тоа го правам на државен имот или, сеедно од кои причини, градам свој „музеј“ (како оној во Сопот), украсен со секакви симболи и карти на замислени држави?

Бидејќи во Сопот државата не реагираше според сите законски ингеренции (сеедно на каков имот е објектот) нечии а п е т и т и само се зголемија.

Резултат се реакциите за изградениот крст на Попова Шапка, во рамките на тамошната црква.

Непостапувањето според законот – како во Сопот, на пример – уште повеќе ги зголемува деструктивните апетити.

Само што од ова (во последните триесетина години) никако да се извлече соодветна поука. Потоа, некои као се исчудуваат што се случува со државата“, вели Цуцуловски.