Професорот и филозоф Љубомир Цуцуловски преку мисли на Карл Маркс со порака и поука за македонскиот народ во ова време-невреме за неговиот опстој.
„БУДЕЊЕ
‘Ниту еден народ’, смета Маркс, ‘вечно не очајувал. И ако долго време, само од глупост, се надевал, тој сепак, по многу години, своите желби ќе ги оствари во мигот на неочекувана мудрост’. Меѓутоа, за да се случи тоа, мора (продолжува Маркс) во градите на народот ‘… п о в т о р н о да се пробуди човековото чувство за сопствената вредност – за слободата’. Тоа, кога и да е, ќе се случи. Што побргу, тоа подобро. Само што претходно на тоа мора напорно да се работи. Мора народот да учи и да се подучува за неговата вистинска, стварна моќ“, напиша Цуцуловски на Фејсбук.