Македонската власт и кога би сакала не би можела да го оствари она што Бугарија систематски го прави со македонското малцинство во Албанија, реагира професорот Љубимир Цуцуловски на континуираната а сега и засилена бугарска пропаганда која има за цел побугарчување на Македонците во Албанија.
Бугарски закани до жителите на Пустец: Пишете се Бугари или…
„Како, на пример, би организирала додатна настава за тамошните македонски дечиња, како би делела пропагандна литература, историски читанки или учебници, кога не поседува ни македонски учебници за македонските ученици во македонските училишта во Македонија?
Како може да повикува на излезност на Македонците на пописот што се одржува во Албанија, кога не умее и не сака да организира нормален попис овде, во Македонија?
Ова е мизерија, ова е невидени мизерија и срам без никому око да трепне. За одговорност ниту збор.
Ова е срам, ова е невиден срам, еднаков на подсмев и распродажба на достоинството на сите Македонци“.