Цуцуловски: Кога би биле Срби или Бугари, народот не би говорел за српско или бугарско време, туку за наше време

Професорот и филозоф Љубомир Цуцуловски на ефектен начин ја објаснува посебноста на македонскиот народ во однос на соседите Срби и Бугари.

„НАШЕ ВРЕМЕ. Кога би биле Срби или Бугари, народот не би говорел за српско или бугарско време, туку за наше време. Фактот дека говори како за друго, туѓо време, говори дека Македонците не си ни ова ни она, туку дека се Македонци. Јазикот/говорот на народот многу кажува. Само што треба да се слуша и почитува, наместо со него да се инати“, констатира Цуцуловски на Фејсбук.