Цуцуловски: Играта „мачка – глушец“ со Бугарија треба да прекине!

Професорот Љубомир Цуцуловски бара прекин на преговорите/разговорите со Бугарија, со што таа би немала со кого да преговара/разговара, односно „да се изживува“.

„’МАЧКА – ГЛУШЕЦ’. Ако македонските власти соберат доволно храброст, меѓутоа и доблест (природни особини за секоја нормална власт) да прекинат со какви било преговори/разговори со Бугарија, тогаш ќе се потврди дека Бугарија ќе нема со кого да разговара/преговара. Поточно, врз кого да се и з ж и в у в а. Дури тогаш ќе се покаже нејзината стварна моќ – ‘моќ’ на нем послушник/извршител. П.С. Мора еднаш да се демистифицираат работите за да се покажат во нивната права природа. Играта ‘мачка – глушец’ треба да прекине!“, порача Цуцуловски.