Цуцуловски: Беда, цената за ЕУ и ,,скапа” цистична фиброза

Професорот Љубомир Цуцуловски на свој начин ја коментира трагедијата во која државата поради скапотија не набавува лекови за цистична фиброза и остава десетици луѓе да се снаоѓаат како што знаат и умеат или да умрат.

,,БЕДА ДРЖАВА. Влезот во ЕУ немал цена. Затоа, можел по секоја цена. Меѓутоа, терапијата за цистична фиброза имала цена. За државата била премногу скапа. „Беда!“ – што друго може да се каже?”, пишува професорот Цуцуловски за власта која троши над 5 милијарди евра од буџетот без да најде неколку милиони за граѓани цел живот плаќаат во фондот за здравство а кои сега заради штедење на владата можат да умрат без лековите.