Екс претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска предпладне одби да ги коментира изјавите на премиерот Заев кој не верува дека поранешниот претседател нема да оди со ниту една друга партија освен со матичната.

Но попладнево на Фејсбук се појави Фејсбук група со име Бранко Црвенковски.

Во групата има објавено професионално изработено видео и фотографии од Црвенковски кои покажуваат дека се работи за сериозна структура која ја креирал групата на Фејсбук.

Според дадените информации групата ја формирале симпатизери на Црвенковски.

Според правилата на Фејсбук екс претседателот на Македонија може да побара од компанијата да ја укине групата која што користи негови лични податоци и идентитет доколку не стои зад неа.

Доколку зад групата не стои Црвенковски може да реагира и Дирекцијата за заштита на лични податоци која на негово барање од Фејсбук може да побара блокада за групата која го злоупотребува неговиот идентитет.

Линк до групата со името на Црвенковски

https://www.facebook.com/%D0%91%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%BE-%D0%A6%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-104094415181809/