Црногорска песна за Македонија стара 120 години што важи и денеска

Основоположникот на црногорската литература за деца, поетот Мило Јововиќ (Стар Бар, Црна Гора 1866-1916), пред 120 години напишал песна за Македонија која е актуелна и сега.

Јовиќ ја напишал песната „На Македонија“ веднаш по поразот на Илинденското востание во 1903 година, како поетски апел до совеста на Европа да ја зачува Македонија.

Песната за многумина е валидна и овие денови.