Полициската управа на Црна Гора, соопшти дека на царинскиот премин Кула во возило марка „Хјундаи“ со македонски регистарски таблички биле откриени 12 килограми хероин.

Со возилото управувал А.А. (28) од Скопје.

„Во добро скриен и специјално изработен бункер, кој се наоѓал во задниот дел на автомобилот, се пронајдени 24 пакувања со вкупно количество од околу 12 килограми хероин“, се наведува во соопштението.

Се претпоставува дека хероинот кој бил наводно од Косово, бил наменет за некоја од западните земји.