Црна Гора: Протеран руски дипломат, затворено небото за руски авиони

Министерството за надворешни работи на Црна Гора денеска прогласи неименуван дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за „персона нон грата“. Дипломатот во рок од 72 часа треба да ја напушти Црна Гора.

Затворен е и воздушниот простор на Црна Гора за сите руски авиони со одлука на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Последното е согласно директивите на ЕУ поврзани со санкциите против Русија.

Црна Гора