Oткако почна да се зголемува бројот на заразени, црногорските здравствени власти ќе предложат поостри мерки за заштита од вирусот,и покрај тоа што не е потврден делта сој во земјата.
Бидејќи повеќето од новозаразените случаи се во туристички дестинации, здравствените власти им се заканија на сопствениците на кафулиња и ресторани дека кршењето на епидемиолошките мерки ќе биде строго казнето со парични казни и затворање на установите за три дена.
Доколку некоја институција ги прекрши епидемиолошките мерки неколку пати, таа ќе биде затворена од 15 до 30 дена, соопшти Министерството за здравство.
Според владините податоци, повеќе од 100.000 туристи во моментов престојуваат во земјата.