Црногорското Министерство за надворешни работи денеска објави дека официјална Подгорица ги осудува акциите на Иран против САД и коалиционите сили во Ирак кои ги загрозиле животите на црногорските партнери и сојузници.
Министерот за надворешни Срѓан Дармановиќ порача дека мирот и стабилноста не можат да преовладат на Блискиот исток сè додека продолжат насилството, немирите, омразата и војната.
„Жал ни е што Иран изјави дека а намера да продолжи со своите нуклеарни амбиции, придонесувајќи за регионална нестабилност“, објавија од црногорското МНР на Твитер.
Министерството за одбрана на Црна Гора размислува да го одложи испраќањето на 2 црногорски војници во мисијата на НАТО во Ирак, поради кризата на Блискиот исток, по убиството на генералнот Касем Сулејмани, јавуваат медиуми.