„Белград, Загреб и други градови ги преуредија своите спортски Арени во привремени Covid болници.
НИЕ, ајде да бидеме покреативни, да го претвориме City Mall во Covid Mall.
Ќе може да се сместат илјадници болни, а меѓу убави излози, некако и полесно се дише“ реагираше на Фејксбук Д-р Ненад Беќароски откако на социјалните мрежи беа споделени фотки од вчерашниот „Black Friday“ во скопски Сити Мол каде во редици се чекаше ред за влез во продавниците, во услови кога од коронавирус има по над 1.000 нови случаи секој ден.

Граѓани на социјалните мрежи бурно реагираат на грубото непочитување на антикороина мерките звреме на вчерашниот шопинг. „Треба МВР да реагира“, „Сити мол веќе е ковид центар“ се некои од коментарите…

