Црквата ги повика верниците на заедничка акција во 15 минути пред Христовото Воскресение (ВИДЕО)

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ги повика сите верници вечерва на 15 минути пред полноќ да излезат во своите дворови и тераси и да запалат свеќа во знак одбележување на Христовото Воскресение Велигден.

Оваа акција ја најави вечерва презвитерот на МПЦ-ОА отецот Ивица Тодоров на емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ.

Повикот на МПЦ-ОА и како верниците на друг начин можат да се придружат на најголемиот христијански празник можете да го видите во вториот дел од видеото.

Тодоров зборува и за други актуелни теми поврзани со прославата на Велигден во услови на корона.

Во емисијата учествува и Сестра Ефимија од сестринството во манастирот во Рајчица кое е дел од Манастирот Свети Јован Бигорски.

Притиснете на линкот

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=848385065638091&id=280284355399866?sfnsn=mo&d=n&vh=e