Грчкиот премиер Алексис Ципрас на неговиот Фејсбук профил објави видео насловено „Вистината за договорот за Преспа“ во кое ги објаснува фактите за постигнатата спогодба.
Во 2 минутното видео се вклучен клипови од потпишувањето на Спогодбата и извадоци од говори на премиерот.
„Нашите соседи го разликуваат својот идентитет, признавајќи дека нивниот јазик е словенски и дека нивната култура не е поврзана со античкото грчко наследство“, објаснува Ципрас.
„Преку Преспанскиот договор ние го признаваме државјанството, а не етницитетите што го сочинуваат.Во нивните учебници нема да има иредентистички референци.Тие ги менуваат имињата на спомениците, инфраструктурите и јавните простори.Нашите соседи ја отстрануваат ѕвездата од Вергина од секој симбол и правото за нејзина употреба се враќа исклучиво на Грција“, вели Ципрас како што пренесува АНА-МПА.
Договорот во Преспа, вели грчкиот премиер „”е камен темелник во балканскиот регион за пријателство, соработка и братство на народите. Запознај ја вистината”.