Откако грчкиоит премиер Алексис Ципрас, вчера во интервју за „Фајненшнел тамс’  рече дека Груевски никогаш не сакал да преговара за промена на името, денеска со реакција на Фејсбук се огласи поранешниот македонски премиер.

„… всушност Ципрас никогаш не предложил такви разговори кои јас сум ги одбил.

Впрочем, пред неговото доаѓање за премиер, водев интензивни разговори со г-динот Папандреу со кого имавме 10 лични средби по ова прашање, но за жал заради познатите грчки позиции или црвени линии како што тие ги нарекуваа, не дојдовме до решение, кое подоцна би го предложиле на граѓаните на референдум“,напиша Груевски на фејсбук.

 Според него,  тој со Ципрас комуницирал само два пати на кои грчкиот премиер, воопшто не предложил разговори за решавање на спорот за името.