Василис Кикилијас,  министер за одбрана во сенка на грчката опозициска Неа демократија (НД), вчера изјави дека премиерот Алексис Ципрас бара поддршка од две други партии, „Потами“ и „Независни Грци, со цел да обезбеди потребно мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа во парламентот.

Во интервју за АНТ1, тој потсети дека овој договор им гарантира на северните соседи на Грција македонски идентитет и јазик, „што му овозможува на премиерот на пЈРМ, Зоран Заев, да зборува за ‘Егејска Македонија и малцинство во Грција’“. Според Киклиас, Ципрас верува л дека ќе може да помине договорот против волјата на грчкиот народ, пренесува АНА-МПА.

За ратификација на преспанскиот договор, потребно е просто мнозинство од 15 пратеник во грчкиот парламент што Ципрас и неговата владејачка СИРИЗА го немаат, со оглед на тоа дека коалициониот партнер „Независни Грци“ на Панос Каменос постојано тврдат дека нема да гласаат „за“ договорот.

 

Лидерот на Потами да се изјасни за Преспански договор