Чувството кога ќе добиеш кривична и извештај од гинеколог

Само 24 часа откако доби кривична пријава од потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири за наводно издавање државна тајна екс министерот за надворешни работи Антонио Милошоски објави убава вест.

“Прекрасна вест, за радосна година:
пак сме трудни :), Давид, Дариа и Михаела ќе добијат уште една сестричка, а мама и тато уште една принцеза, здравје Боже околу Нова Година!
Пожелувам на секого, повеќе веселби, за мекици и роденденски торти”, напиша Милошоски.

Тој деновиве води битка со министерот за надворешни работи Никола Димитров и спикерот Талат Џафери во комисијата за надворешна политика во собранието каде што власта не дава да се објават тајните извештаи од средбите за името на дрмавниот врв!