Чупевска доби одговор: На ,,небањатите” не им треба милосрдие што го нудите пред вашиот пораз

Професорката Ана Која денеска по седум години политички реваншизам понуди помирување по нејзин рецепт доби одговор дека на ,,небањатите” (како што групи во СДСМ) ги нарекува симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ) не им треба милосрдие што го нудите пред поразот на Бихаќка на изборот.

,,Секогаш кога ќе видат дека се пред пораз, наеднаш се сеќаваат за помирувањето, а сега уште го продаваат, како да ете ќе направат отстапка, онака „милостиво” и „благородно”, кон небањатите и тоа… „при чиста совест”.
Ама… Кога не беа спружени на земја, тогаш бркаа вештерки низ општеството, особено во десницата, ја злоупотребуваа правдата, уништуваа човечки судбини, го силуваа цело општество…”, пишува екс амбасадорот Оливер Шамбевски во одговорот до Чупевска која е водечки аполгет на СДСМ.

Шамбевски прифаќа помирување но не по рецептот на Чупевска и СДСМ но само под одредени услови.

,,Е па така нема да може! Значи помирување секако да, но тоа мора да подразбира прочистување и отлачување од политиката на „прогресивните” и токсичните кои ја уништија и ја предадоа нацијата за која сега, видиш ти, кога им гори под нозе, ламентираат!
А да… и ќе си одговарате”, заклучува Шамбевски.

Чупевска е позната како поддржувач на прогон на новинари кои ја критикуваат СДСМ.

Сите ќе умреме во спротивно: Апологет на СДСМ која поддржа затвор за стотина луѓе бара помирување пред избори