Ако не се промени Уставот, постои опасност да ескалира конфликт во Македонија! ВМРО ДПМНЕ, избегнете ја таа опасност! Навивам во ВМРО да победи ‘разумниот Мицкоски’.“ – ова е заканата, која ја изнесува професорката Ана Чупеска од Институтот за политички науки при Правниот факултет „Јустинијан Први“, а не од неговата Катедра за уставно право, која е патем и член на нелегалната „Комисија за уставни промени“, сочината од Владата. Чупеска ова го пишува во својата колумна со наслов „Мицко против Мицкоски“, која ја објавува повторно и на својот фејсбук-профил.

Во колумната исполнета со најниски напади врз ВМРО ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски оваа така наречена „експертка за уставни промени“ дрско игра мајтап со македонскиот народ, кого го наведува ем во наводници, ем како се уште неописменети деца од предучилишна возраст со мали букви, иако е „универзитетска професорка“, па вели:  „Оштетените во вмровската приказна се ‘македонците” кои претрпеле траума во контекст на меѓународните текови, историја и тралалајки од најразличен вид. Кукање, плачење, и ретрауматизација на македонците како да е единствената нивна песна – која со ама баш ништо не му помага на ‘напатениот и вековно обесправен македонски народ’, и затоа тој мора да се одмазди со недемократските методи и анти-НАТО-злосторници и антиЕУ- пропаганда.“

Натаму, покрај другото, во својата колумна оваа „уставокројачка“ наведува: „Зошто лажете бе, толку ли е тешко да ја изговорите вистината? НАТО ли не го гледате? Или, несакате да го видите?  Можеби, не ви се допаѓа и не сте најсреќни со нашето членство во НАТО? Со тоа оди и предизвикување непропорционално реагирање, на пример како на 27-ми април!“

Оние што лажат дека го штитат македонскиот идентитет, од наводен бугарски диктат, исто така лажат дека реговарачката рамка е бугарски моделирана рамка. Истите тие се уште на пресови тврдат дека Преспанскиот договор не и донел ништо добро на земјава, туку напротив, донел корупција и криминал. Каква лага?! Дали не ги гледаат придобивките од Преспанскиот, или не им се допаѓаат? Најдиректната придобивката од Преспа е членство на Р*М во НАТО.

„Е за да не дојде до повторувачка и осакатувачка ескалација, во случај на ЕУ раздвојување,  Албанија напред, Македонија назад, дајте ги тие работни групи и договорете се како онатаму. Па самите велите дека е криза. Решете ја!“

„Не заборавајте дпмнеовци, џабе ви е популизмот сосе илиберална и антидемократска пракса, кога не сте предвиделе дека во определени услови, како нашиве сега, опасноста од ескалација на конфликт е неговата следна станица. Избегнете ја, разговарајте! Оттука, навивам во ВМРО да победи разумниот Мицкоски’.“