„Преставниците на власта веројатно брзајќи да го најдат виновникот во спротивните политички редови, заборавија на грижата на граѓаните и за грижата за сопственото здравје, а тоа доведе до состојба во која секојдевно имаме фрапатни бројки на новозаразени од коронавирусот, а дел од нив се токму од редовите на СДСМ“ сподели на Фејсбук свое мислење за состојбата со коронавирусот министерот за внатрешни Наќе Чулев.

„Ниту Наќе е ‘луд’ како што би рекол Шилегов, ниту пак полициските службеници се виновни што дел од политичарите од власта не водат грижа за сопственото здравје. Исто така Министерството за внатрешни работи не е виновно што дополнителниот заменик министер Петровска не ги почитува препораките за групирање.

За каква одговорност пред граѓаните зборуваме, кога тие со своите постапки покажуваат исклучителна ниска одговорност за своето здравје? Како да очекуваме тие да го заштитат здравјето на граѓаните кога не се способни да го заштитат своето здравје?

Во оваа прилика апелирам до сите политички чинители во државата со своите постапки да покажат високо ниво на одговорност. Пред се наша обврска е да ги почитуваме одлуките кои ги носи владата, а со тоа ќе покажеме високо ниво на одговорност и свесност за состојбата која се наоѓаме. Секое однесување кое е спротивно со ова е неодговорно и заслужува секаков вид на осуда“, сподели Чулев на Фејсбук.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/168993161294153