Во гостување на Канал 5, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, изјави дека Основното јавно обвинителство е на ред да одлучи дали ќе постапи против поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев. 

Дончев вчера беше повикан на информативен разговор во Полициска станица.

„Податоците и информациите кој тој ги изнел за време на разговорот ќе бидат доставени во форма на известување до ОЈО и понатамошното постапување ќе зависи од насоките кои ќе бидат дадени од нивна страна“, вели Чулев.

Вчера на Јутјуб се појавија две нови нови аудио снимки на кои, како што се вели, е гласот на поранешниот директор на Фондот за здравство.

Ден Дончев поднесе оставка од позицијата директор на ФЗОМ.