Кањонот Матка во среда навечер беше обоен со боите на класичната и филмска музика на гала концертот кој го означи и отворањето на Матка Summer Nights фестивалот кој за првпат се одржува оваа година и на оваа досега неоткриена музичка сцена ќе донесе интересни музички гости и имања.
Магичната атмосфера на кањонот, свежината на езерото и ѕвезденото небо ја надополнија прекрасната музика во изведба на неколку млади и талентирани уметници предводени од Нико Ѓоргиевски, тенор, кој воедно е и уметнички директор на фестивалот.
„Ова е концерт кој се доживува, треба да се почувствува со сите сетила, едноставно е невозможно да се прераскаже. Никогаш досега не сум имала можност да следам концерт пловејќи на вода и едноставно е неверојатно колку интимно може да биде, особено во овие денови кога сѐ уште сме многу претпазливи во поглед на групирањето.„ – ни изјави една од гостите по завршувањето на концертот.
Вистински предизвик е да се постави сцена на едно поинакво и невообичаено место, почнувајќи од технички услови, пристапноста, ограничениот број на публика, но веројатно сето тоа е всушност различноста која овој музички настан го издвојува од вообичаената концертна понуда не само во Скопје туку и во земјата.
За повеќе информации околу фестивалот и следните концерти посетете ја страната: