Полицаецот во чиј подрум МВР најде многу дрога е началник во организиран криминал и истражител на СЈО

Човекот во чиј подрум МВР најде дрога е началник за киќриминалистички истраги и екс истражител на СЈО (Специјалното јавно обвинителство) тврдат извори во полицијата кои се чудат на однесувањето на Спасовски и неговиот тим одговорен за односи со јавност.



Според изворите началникот бил сопственик на една од двете простории кои пред неколку дена биле предмет на истрага и во која е најдена поголема количина на дрога.

МВР тогаш информираше за акцијата и за еден уапсен против кој е поднесена соодветна пријава.

Она што не извести МВР е дека една од тие 2 подрумски простории е сопственост на началник во одделот за организиран криминал.

Лицето кое сега е на висока функција во МВР преходно бил ангажиран како екс истражител во СЈО што укажува на можност дека имал блиски врски во високи политички функционери.

Зачудува зошто МВР го крие името и сопственоста на началникот затоа што постои можност тој воопшто да не знаел за складирањето на дрога во неговиот објект.

Со молкот на МВР меѓу полициски структури но во меѓу јавноста се стекнува впечаток дека нешто се крие и дека има шанси началникот да е дел од спорни активности.

Повеќе детали за акцијата на МВР по која полицијата молчи за подрумот на својот началник.

МВР објави заплена на дрога без да открие дека таа е фатена на имот на полициски началник

Најнови вести

Психијатриска или психолошка

Екс обвинител: Да тврдиш дека народот го поддржал Преспанскиот договор е дијагноза