Екс вицепремиерот за евроинтеграции и екс министер за надворешни работи Никола Димитров кој е потписник на Преспанскиот договор се помалку зборува за историскиот параф кои ги понижи Македонците а се повеќе за работи за кои не е експерт и кои му се нови затоа што предолго се возеше во државни автомобили со личен возач.
Во неговиот последен статус Димитров пишува за сообраќајна култура и човечки комуникации.
Димитров се пофали дека ги почитувал правата на пешаците и им застанувал на пешачки премин како тоа да е негова голема лична доблест а не законска обврска.
,Кога возам редовно застанувам на пешачки. Често пешаците ме гледаат со неверување и во таа секунда на двоумење им давам знак “повелете” со раката. Некои кимнуваат, некои возвраќаат со насмевка, а други со кратко мафтање.
Пред некој ден возејќи зад еден камион во услови на слаба видливост, се израдував кога со десен трепкач ми даде знак дека е безбедно да го поминам. За возврат му кажав “фала” со четири трепкачи штом го поминав, а возачот ми врати со “молам” блендирајќи.
Има нешто убаво во овие мали човечки комуникации 😊”, пишува Димитров во постот кој по малку е навредлив кон сите оние што секогаш застануваат на пешачки и имаат добра комуникација со своите сограѓани а не се фалат со тоа затоа што тоа е елементарна култура.
Но политичарот очигледно сега кога по 25 години мора да се вози со свој а не со службен автомобил со шофер допрва учи работи на кои другите граѓани им се нормали ситуации во животот.