Човек на „Ндрангета“ добил македонски пасош 20 месеци откако Спасовски станал министер

Цели 20 месеци поминале откако во мај 2017 година Оливер Спасовски како кадар на СДСМ станал министер за внатрешни работи додека еден од најбараните криминалци во Италија и Европа добил македонски патни исправи, брифираат извори блиски на ВМРО-ДПМНЕ а истите информациски се објавени и на социјалните мрежи блиски на опозицијата.

Лицето Waleed Issa Khmayis или човекот со 100 идентитети, главниот перач на пари од трговија со кокаин на Италијанската нарко мафија Ндрангета на 09.01.2019 во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош К1032388 со украден идентитет на Македонецот од Корча, Вурмо Таќо роден 1965г.

Валеед е 4-та деценија нарко мафијаш кој ја почнал кариерата во 80-тите години и е еден од најдоверливите луѓе на шефот на Ндагрета, Роко Морабито кој е број 1 таргет и бегалец на Италијанското МВР.

Валеед од 2017 година е во бегство на повеќе држави во светот, а по добивањето на Македонскиот пасош на име Таќо Вурмо, 2 пати во месец јануари 2019 го искористил македонскиот пасош и преку Аеродром Петровец заминал за Турција.

Според последните информации се наоѓа на островската држава Мавритиус, се вели во информацијата која не се негира од страна на МВР, владата и Спасовски.

Валид Иса бил во периодот на вадење пасош бил на сите можни потерници на Интерпол и е речиси неверојатно дека МВР да го примила во полициска станица за сликање за пасош а притоа да не го препознае.