Човечка драма на неговата клиника додека Филипче тера избори во Штип (АУДИО)

Тетовското семејство се обратило за помош до редакцијата на Курир.мк за да се спаси нивната мајка која наместо на итна операција ја испуштаат дома од Клиниката за неврологија откако фатила корона во болницата.

Се бројат часови и минути да се спаси животот на нашата мајка, велат роднините на пациентката кои апелираат на помош од министерот Филипче и надлежните од клиниката.

Голгота на државната клиника, поточно на Клиниката на неврологија доживува пациентка од Тетово, жена, мајка на две деца, која со констатиран тумур на мозокот во критична состојба лежи неподвижна на клиниката за неврологија во Скопје и 12 дена чека да биде оперирана.

Наместо операција, за што имала и претходно два негативни теста од корона, пациентката фатила ковид 19 во Клиниката по што е повикано нејзиното семејство да ја земат од клиниката известувајќи дека нема да се оперира пациентката, информира порталот.

Семејството во болка раскажува за голготата која трае цели 12 дена на државната клиника.

Заглавени низ лавиринтите сведочат за хаосот кој се случува во клиниката за неврологија каде и лично работи министерот Филипче.

-Мојата мајка ја донесовме пред 12 дена, направивме 2 негативни ковид теста. Требаше да се оперира од тумур на мозокот кој ја направи неподвижна и со моменти на губење на свест. Во петокот требаше да и прават операција, наместо тоа специјализантка не извести да ја земеме неподвижната мајака зошто фатила ковид вирус. Нема дилеми дека вирусот е фатен тука на клиниката. Ние одбивме да ја превзмеме, бидејќи на тој начин ја осудуваме на сигурна смрт. Дополнително дома ја чека нашиот татко кој е тежок шеќераш, немаме никакви услови да одговориме на третманот кој треба да го добие нашата мајка. Ем ја заразија со ковид ем несакаат да ја оперираат. Ова не е здравство, ова е руина, низ солзи во очите раскажува еден од двајцата синови кој се бори за животот на својата мајка молејќи да остане на клиниката и да се спаси нејзиниот живот.

Синот на С.Т од Тетово вели дека на маса им било оставено отпусна листа во која наводно тие и нивната мајка која е во полусвесна состојба се согласиле да оди на домашно лекување, што според тврдењето на семејството не е точно и дека на такво нешто не се согласиле.

Во разговор со еден од докторите тој го убедува семејството да ја земат мајка им дома, бидејќи како што самиот вели бројката на мртви од корона е 5 пати поголема од таа што се кажува во јавноста и дека како клиника не се воопшто подготвени да се справат со ковид случаи бидејќи немаат соодветни услови.

Аудио и транскрипт од разговорот со лекарот кој тврди дека има пет пати повеќе заболени од прикажаните на следниот ЛИНК

Додека на Неврологија и во други здравствени институции владее хаос министерот Филипче учествува во кампања за избор на градоначалник на Штип

https://www.facebook.com/watch/?v=386053402601784