Најсилната австралиска фудбалска А-лига на својот официјален налог на Твитер објави видео прилог за напаѓачот со македонско потекло на новиот шампион Мелбурн Сити, Стефан Чолаковски, во кое му припишува големи заслуги за тукушто освоената титула.

Во финалето на плејофот синот на Пепи и Виолета Чолаковски асистираше за израмнувачкиот гол на Натаниел Еткинсон во триумфот од 3:1 над Сиднеј. Во полуфиналето, пак, беше играч на натпреварот во победата од 2:0 над Мекартур, кога прво го отвори резултатот во 54. минута, за веднаш во наредната да асистира за голот на Марко Тилио.

Сезонава на 21 првенствен натпревар постигна три погодока.

Чолаковски пролетоска ја прифати понудата од тогашниот селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година и наследник на Игор Ангеловски во А-селекцијата, Благоја Милевски, наесен да заигра во квалификациите за Европското првенство во оваа возрасна категорија.