Инцидентот во Охрид, во кој тешко беше повреден секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков е класична пресметка меѓу криминалци поради нерасчистени односи. Ова во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ вечерва го изјави заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски.

Според него, ова било потврдено од македонските служби кои им предочиле податоци за настанот на највисоките претставници на власта. Освен тоа, по соодветни канали истите податоци им биле пренесени и на соодветните бугарски власти, кои и покрај тоа продлжуваат со реториката за нападот врз Пендиков како за „насилство врз Бугарин само поради неговото национално чувство.