Член на владата на Ковачевски 53 години живеела во заблуда дали е жена

„Искрено, во моите 53 години во заблуда сум била! Дал сум жена! Што е жена!“.

Ова е искрениот коментар на министрката за труд и социјала Јована Тренчевска во врска со најава за гостување на американски предавач во Струмица.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска со потценување и сарказам коментира најава на Фејсбук дека во Струмица ќе се одржи предавање за теми од родовата проблематика од познатиот конзервативен американски предавач, политички коментатор и радиоводител Метју Волш, што предизвика револт кај организаторите на настанот и почитувачите на предавачот, пишува Плусинфо.