Член на комисија назначена од Димитров: Италијанскиот вицепремиер и Берлускони се фашисти

Професорката Ана Чупеска која е член на Македонско – Грчката историска комисија предизвика проблеми за шефот на дипломатијата Никола Димитров и можни тензии на релација Скопје – Рим.

Чупеска ги обвини италијанскиот вицепремиер и најмоќен италијански политичар Матео Салвини и Силвио Берлускони дека се клепто – фашисти.

Чупеска не е државен функционер и официјално не зборува во име на Владата но италијанската влада знае дека таа за член на државната комисија со Грција е избрана од страна на министерот Димитров а е платена со владини пари.

Во својот коментар за случајот Рекет, Чупеска не зборува за одговорноста на Јанева и македонските власти туку ја промовира владината теза за “мрачно сценарио” кое таа го нарекува “Специјална војна” а неа ја водат и “клепто – фашистите” Салвини и Берлускони.

“Специјалната војна што се води низ разноразните жути штампи : “наши” и оние на Салвини и Берлускони ( патем, докажани клепто-фашисти) има една и единствена цел : да не се гони криминалот во земјава !
Затоа ” СЈО несме пасти”, односно мора да продолжи да работи , додека истрагата за #рекет мора да биде итно завршена.
Се остало е ништо повеќе од естраден шунд…”, пишува професорката Чупеска која како официјален член на државна комисија го навредува врориот човек на владата на седмата светска економија и членка на ЕУ и НАТО.

Коментарот на Чупеска доаѓа по објавата на видео снимката со рекетот на Боки 13 во италијанскиот десничарски весник Ла Верита кој таа го го става во корелација со Салвини и Берлускони иако двајцата припаѓаат на сосема различни политички групи во својата земја.