Лидерот на партијата ПОЕН која е членка на владината коалиција предводена од ДУИ и СДСМ навреди десетици илјади Македонци кои учествуваат во антивладините протести против Бугаризацијата како и стотици илјади Македонци кои се против францускиот предлог.
Рубин Земон кој беше советник на Зоран Заев и Национален координатор за мултикултура ги обвини сите што протестираат дека имаат бугарски пасоши и побара да одат да демонстрираат во Софија.
,,Послушајте патриоти!
Како хора со б’лгарски пасоши имате целосно право да протестирате и пред бугарски институции, не само пред македонските….”, напиша Земон кој е екс пратеник на Фејсбук.
На навредите од Земон реагираат и граѓани.
,,Ова што го пишуваш е навредливо, ама сигурно тоа ти е и целта. Не ти се мешам во светогледот, ниту пак очекувам да најдеш разбирање за протестите. За тебе е исправно само твоето размислување и ничие друго. Тоа со кое се гордееш како концепт за „едно општество за сите“ е само празна фраза која никогаш нема да заживее ако не ги разбереш потребите на сите”, реагира еден негов пријател.
Во одговорот Земон објаснува дека неговите навреди кон Македонците се само конструктивен предлог и го обвинува граѓанинот дека бил емотивен.
,,Ова се вели “мувата над капата”. Никого не навредив само дадов конструктивен предлог. Во суштина барањата се на Бугарија, а тие што имаат бугарски пасоши имаат право да протестираат пред бугарските институции. Ефектот ќе биде поголем, бидејќи ќе протестираат пред причината, а не пред последиците. Ама изгледа од премногу емоции не можиш да размислуваш рационално….”, пишува Земон кој е Еѓипќанец а кој и предходно имал испади со навредливо однесување кон Македонците.