Навредливи, расистички и нецивилизирани напади на соработник на Бугарската академија на науките (БАН) кон македонскиот народ.
Професорот од „Институтот за историски истражувања“ при БАН Воин Божинов во телевизиско интервју тврди дека Македонизмот е писхичко пореметување на македонското општество а во моментов во земјава се шири антибугарска хистерија.
За оваа тешка навреда кон Македонците не реагирал ниту новинарот домаќин на Божинов кој знае дека говор на омраза мора да биде казнет во земја членка на ЕУ и НАТО.
„Македонизмот не е само идеологија туку психичко пореметување на цело општество, на цел еден народ, вели докторот по историја кој работи истражувања за највисоката бугарска научна институција.
Експертот за историја на Бугарија по ослободувањето и за Балканот по Берлинскиот конгрес е доктор на науки и еден од највлијателните бугарски научници од помладата генерација кој е двигателна сила во антимакедонскиот бугарски „Македонски научен институт“ од Софија кој е под силно влијание на вицепремиерот Красимир Каракачанов.
Поврзана вест
Софија на мака, вистината не може да се скрие ниту да се фалсификува
Сојузнички документи за злосторствата на бугарската окупација во Македонија (ДОКУМЕНТ)