Чкатроски, специјално за Expres.mk: Русија-Украина, ќе има ли војна?

Насловната фотографија е декласифициран разузнавачки документ на САД објавен од Вашингтон Пост

Не секогаш светот е рационален и логичен. Но што велат податоците. Дали војна ќе има?

Настрана од пропагандите на “семоќното оружје на Спутник” и “троловите на руските агенции за пропаганда”, кога е прашање конвенционална војна, Русија нема никакви шанси да го победи НАТО пактот.

Ќе го разочарам обичниот човек и читател, Путин не мисли да води конвенционална војна со НАТО.

Никој во Русија и нивните одбрамбени сили и генералштаб не мислат да водат војна со НАТО.

Заборавете бројки и видови оружја. Војната е многу комплицирана работа каде Русите сигурно знаат повеќе од нас математика и е недозволиво на земјата со толку шахисти и математичари да им објаснуваме за овие дисциплини.

Русија нити сака ниту може да води конвенционална војна со НАТО.

Тие знаат дека 3-4 фабрики во НАТО земји можат да произведат тенкови за една година кои Русија не би можела да ги произведе не ни за 20 години.

Во авијацијата е уште по комплицирано и ова може да биде таков дисбаланс да за 2 години производството на НАТО земјите со авиони е еднаков на тоа што Русија го може за 50 години.

Или Русија може да произведе тенкови колку и ФИАТ и КМВ на годишно ниво. А, фабриките за авиони на Русија можат да произведат авиони колку што можат Турција, Кореа, Шведска и Шпанија на годишно ниво.

Добро, бродови Русија може да произведе на годишно ниво колку и Самсунг од Кореја.

Затоа војната е прекомплицирана работа каде што никој не сака да се судри затоа што тоа чини не пари,туку премногу пари, а и луѓе.

Во Русија замислете живеат 2,5 милиони Украинци. Во Украина живеат милиони руси.
Тоа би бил еден голем хаос каде со голем судир властите во Москва не би биле во добра позиција од сопствените гласачи.

Во голем конфликт има секогаш и други аспиранти кои би учествувале да би добиле нешто. Русија е голема и полна со такви.
Можеби во прва фаза Путин би добил многу битки но војната би ја изгубил многу лесно ако сударот трае месеци или години.

Што сега?

Значи ќе се бара излез за ниту една страна не биде поразена, а Украина ќе биде во незгодна ситуација околу Крим, Доњецк и Луганск.

Мора и тие да разговараат но со помеки тонови. Украинците се страшно лоши преговарачи во историјата. Можеби во Источна Европа и најлоши.

ШТО ВО НАШИОТ РЕГИОН ПО ОВА РАШОМОНИЈАДА?

Русија беше замешана во конфликтите и војните во Евроазија, од Нагорно Карабах,Чеченија па до Грузија.

На пример Генерал Лебед ја водеше војната во Молдавија и поделбата на Молдавија.

Русија беше веројатно многу замешана во војната во СФРЈ во исто време со таа во Молдавија.

Доказ за тоа е дека најголемите виновници и поддржувачи на распадот на СФРЈ до еден сите живееја во Москва. Посебно офицери на ЈНА и генерали па до политичари како Мирјана Марковиќ и многу други кои се сеуште таму.

Тоа што нема список е веројатно мижењето на Белград на кого Москва сеуште му е потребна околу договорите со Косово.

Но проблемите за Белград се уште поголеми од денес.

Косово е република и не покажува аспирации за придружување на друга држава, додека Крим е анексиран на Русија што ги уништува сите надежи и картите во ракавот на Белград.

Напад на Украина од страна на Русија би довело до признавање на Косово од сите членки на НАТО, а тука сигурно се и Шпанија и Грција.

Џабе везат про-руските штабови во Белград и му ставаат нож во грб на Вучиќ со неговите.
Компликацијата Косово е далеку поневажна од компликацијата Украина-Русија.

Колку и да сака Путин да ја нападне Украина тешко ќе помине тоа кај неговите генерали кои се далеку понепослушни од времето на СССР.

Едноставно ќе му речат ОК, ама доста со глупости и на крајот ќе имаат Хелсинки 2.
Еден договор потпишан помеѓу НАТО и СССР во 1975 треба да се доработи,а тоа ќе трае.

Дали Русија ќе ја нападне Украина? Дали Путин е спремен политички да се самоубие?

Мислам дека Путин е рационалист освен ако не го совладале годините.
Затоа мислам ќе се преговара и договара.

Инаку Путин многу пати бараше Русија да биде членка на НАТО. Тоа е стара негова замисла уште од времето на Клинтон. Затоа од Путин непријателот на НАТО може лесно да стане и некаква членка на НАТО еден ден но малку подоцна.

Парите и политиката се многу поврзани едно со друго. Ние тоа го гледаме овде со минорни пари за цифрите кои играат во светот на НАТО и Путин. Е тоа се сериозни пари.

Специјално за Експрес

Даме Чкатроски
WSN и GLOBALO