Чкатроски за Глигоров: Имаше суета кон Црвенковски а го мразеше Фрчкоски

Политичкиот аналитичар Даме Чкатроски на 03.10.2022 денот кога беше извршен атентатот врз КИРО ГЛИГОРОВ открива детали за првиот претседател на Македонија:

Претседателот Глигоров беше космички калкулант, одмерен врвен политичар со неверојатно искуство и аналитичност.

Имаше кај него три негативни работи:

1.Беше реален националист со несоодветен сенс кон албанското прашање во новата држава и го опсервираше од позиција на Југославија. Ова не можеше никако да се промени заради тоа што беше доволно време градено.

2.Беше совршен непријател на режимот на Лазар Колишевски и на УДБА во Македонија и на воените служби на Белград.

За ова нетрпеливост бекграундот оди до 1945 година во самото ослободување на земјата.

3. Не го поднесуваше добро притисокот на сопругата околу кадровските решенија.
Малку беше и суетен но за политичар тоа беш некаков просек на суета,ништо значајно.

Суетата посебно му беше кон Бранко Црвенковски и неговите приказни како станал примиер а Фрчкоски го мразеше по дифолт заради неколку детски болести.

Едната беше со некаков хеликоптер на релација Скопје-Охрид а другата за непојавувањето на состанокот со Митеран и неколку други ситни работи за кои не е потребно сега да се потсетуваме. Малку адолесцентни но тоа е.

Многу ретко зборуваше за атентатот и со многу малку сигурно не повеќе од 2-3 доверливи.

Без разлика дали беше во позиција или беше пензиониран.

Многу моменти од историска важност ги објави во неговата биографија, што се однесува до нашата историја.

За жал ни СДСМ ни Вмро-Дпмне ги прочитаа, ни тогаш па ни денес.
Исклучителни моменти за историјата за која ете дебатираме и денес.
Атентатот и развојот после атентатот е клучот во оваа земја.

Многу години или една декада после атентатот е поврзана со случувањата што следат.

За жал кај нас владее кратка меморија и сакаме да ги заборавиме или мислиме дека воопшто не се ни битни.

Гледано од овој аспект после 27 години, трагите се сеуште многу свежи. Импликациите индиректно сеуште траат. Посебно на тоа што овој атентат не е решен а посебно што ниту една влада не сакаше да го држи отворен и да го решава.

После неколкуте месеци потрошени да се открие нешто, реално истрага за ова никогаш и немало.

Малце ми е дегутантно на денешен ден да се зборува за Атентатот и Киро Глигоров. Ние ете 27 години не направивме ништо по тоа..

Посебно ми смета ова од политичари ,бивши и сегашни да го спомнуваат. Истрага по Атентатот НИКОГАШ И НЕМАЛО реално и релевантно. Како и се во оваа држава. Можеби треба да се реши атентатот да би отпочнале да стануваме држава… Но, на кого му е тоа веќе битно. Државата ја скршивме со корупција. Друго воопшто ништо не е ни интересно.