Ексклузивно за Експрес
Даме Чкатроски
Втора фаза во војната во Украина и импликации за Македонија
Скоро напишав дека доколку Путин обременет од староста ја нападне Украина, тоа значи дека Кремљ одлучил да ја репозиционира Русија во Азија, ЕвроАзија.
Денес воена-пропагандна машина зема залет помеѓу НАТО, запад и Русија со нејзините 2-3 сојузници.
Да се посветиме на реални факти и што имаме сега во оваа ситуација.
Значи факт е дека авантурата ,,Напад врз Украина” почна со само 150.000 војници и по тоа што го гледаме е далеку попоразително од тоа што очекувавме од таа армија.
Посебно откако бевме “бомбардирани” цели 10 години од пропагандата машина на Русија дека оваа армија е непобедива поради оружјата од кои “секој ден НАТО се плашеше”.
Алудирам на заглавијата на статиите на Спутник, РИА и друга белградска боранија.
Пропагандата за туризам во Русија во изминатите 10 години има потрошено 15 % од политичко/воените пропагандисти на Москва.
Тоа е доволно за да ја разбереме ситуацијата и нивната логика таму. Всушност, ако некој нормален може ова воопшто да го разбере.
Сега малу други факти – Лавров и Москва од петни жили со разни дипломатски трикчиња па до итни заседаниа на Советот за Безбедност на Обединетите Нации се трудат да направат политички пресврт на реториката на Западот во врска со лабораториите во Украина.
Имено зборот ВОЈНА со Украина не смее да се користи.
Многу лукративно тие не смеат да објават војна на Украина. Оваа војна не смее да биде под тој поим туку само – Интервенција или специјална операција. Војна НИКАКО.
Сега ви е појасно зошто Лавров лупа во рафал дека не нападнале ниту една земја.
На сите во Македонија со врвот на политичарите не им е јасно зошто ова е вака.
Најпросто објаснување се Воени Репарации во иднина. А, тие би биле до сега околу 300 милијарди долари.
Сега ви е јасно што зборува Лавров, зошто биолошки лаборатории ,,има” во Украина, а ,,има” и во Македонија. Ваквата магла се создава хистерично а целта е Русија да не биде обвинета дека прави окупација туку дека е ослободител.
Ние од пракса знаеме за една друга окупација, со сите нишани и документи од воени архиви, а денес не убедуваат дека не ослободиле.
Според тој наратив Ленин ,,ја смислил” Украина а Украинците кои се Руси прават биолошко оружје по ДНК за русите да би се САМОУНИШТИЛЕ”.
Нема крај на оваа психолошка војна каде обичните граѓани се ставени на машина за мелење на умови.
Инаку Русија има отприлика 300-400 различни ДНК но кога се вкрстуваат кој знае за колку комбинации станува збор.
Така да такво оруже е невозможно да се направи, а и примени, заради што претставува и самоубиство.
Нашите власти под водство на Бујар Османи во оваа недела малку си играа ,,Неврзани” и уплашени. Малку вербална нота до амбасадорот на Русија, а малку негодување кон амбасадата на Украина.
Бујар Османи со неговите во МНР не се на ниво на задачата или се далеку од сериозноста и реалноста во ситуацијата, а како доказ во вториот случај нашиот закон е смешен.
Се однесува на законот за учество на наши граѓани во воени операции во странство.
По тој закон, сите наши претседатели, примиери, министри за одбрана вклучително и Генералштаб на АРМ и стипендисти, лесно може Јавното обвинителство да ги потопи со кривични пријави.
Инаку законот е препис од закони од СФРЈ каде тој што го пишувал во 2014 година мислел пред се на ИСИС или слични волонтери или платеници за Блискиот Исток.
Второ кога се пишувал тој закон Македонија не била членка на НАТО.
Денеска треба Генералштабот на АРМ треба да реагира на тој закон заради што 15 години одиме под Здружена Команда во разни земји.
Првиот случај на нецелосната објава или информација на Руското МНР од страна на амбасадата во Скопје на Твитер дека внимателно се евидентираат случаите на русофобија во голем број странски земји го сметам за несмасен.
Бујар со неговите соработници требало ова да му го посочи на амбасадорот на Русија во Македонија, односно како плукни/залепи службеник на амбасадата во емотивен занес го сторил тоа.
Доколку амбасадорот би застанал зад тоа соопштение лиферувано од страната на амбасадата во Скопје, тогаш работите би станале, би рекол, многу сложени.
Тоа се разбира ниту амбасадорот нити запослените не го сакаат, во овие моменти, се разбира.
Би им дале и поддршка да си расчистат со ова внатре во амбасадата, а како второ би им укажале дека ваква работа не би смеела да се случува, ама ниту еднаш, во иднина.
За нив Скопје во овој момент е далеку подобра локација отколку да се во Москва. Си знаат сами.
Инаку е добро да во догледно време парите за воено/политичка пропаганда ги видеме во пропагандни активности за туризмот во Русија, нивните производи и култура пред се.
Русија е убава земја, а Русите се одличен народ. Нив не им треба ваква ситуација. Не заслужуваат. Многу се психолошко измрцварени овие 80 години.
Ние сме тука да ги причекаме.
Стрпливо со Русија и рускиот народ. Тие знаат дека 1 секунда по 12 сепак ќе треба да одберат сојузници. Тоа е. Доцнат 5 минути и 1 секунда секогаш. Во Русија ,,5 до 12″ никогаш не важело.
И на крај, знаете ли што значи мистичното Z на руските возила. Ова не е ниту некаков фашистички знак пак ниту латинска буква.
Имено министерот за одбрана на Русија Шојгу не бил во активен состав во армија па ниту војска служел иако е генерал.
Шојгу како станал генерал е друга приказна. Тој е дел од хиерархијата на цивилниот сектор и цивилната одбрана во секторот што ние го викаме Кризен менаџмент.
Шојгу е пред се добар градежен инжињер. За да дознаете што значи Z треба да се обратите до било која катастарска управа и во Русија ама и во Македонија.
Имено овој знак а не буква од било која азбука значи ,,Спојување на катастарски парцели”. Симболиката е јасна.