Политичкиот аналитичар Даме Чкатроски ги анализира ,,Бугарско-Македонцките ОТНОШЕНИЈА” низ призмата на последните изјави но и низ долгорочните преговори меѓу двете земји

Тој смета дека Македонија поради начинот на кој ги води преговорите е еднакво виновна за блокадата во односите меѓу двете земји.

,,Кога зборовите не се бираат, а кога од другата страна има вакви Македонисти, следува и таква изјава.

Петков за БТВ изјави:Македонско малцинство во Бугарија нема, за Бугарите во Македонија ќе бараме гаранции.

Пред посетата на Скопје тој отфрла да разговара за некакво македонско малцинство во Бугарија, а бара многу цврсти гаранции за бугарите во Македонија.

Ваква изјава во превод значи:
Од позиција на сила, а за публиката во Бугарија праќам порака до Скопје.

Истоветно заради медиумите брзо се пренесува пораката во Скопје каде политичките елити во Скопје се ставаат во ќош приготвени да ја изедат сета чорба зачинета по ифритите од сопствениот народ, а при тоа се разбира ќе одат на избори по 2 години и кусур, демек.

Кога ние пред посета на званичник од Софија сме дозволиле по 4 години преговори водени од Димитров (кој демек ете бил сменет под притисок на Софија), тогаш Бучковски, Заев и Пендаровски како и што преговарале цели 4 години?

Веројатно за авиолинија Софија-Скопје или да го вратат квалитетот на долниот веш (читај гаќи) кој го имаја, а сега се кинески.

Пред дни на ваква изјава се накалемија Македонисти кои за воља на вистината немаат ни абер дека во политичка смисла тој збор добил на значење само заради тоа што е лично за прв пат употребен и воведен од Тодор Живков. И еве дефиницијата на Живков и Цола Драгојчева за овој збор:
Македонистите се бугари по потекло кои со помош на Белград ја отфрлиле бугарската нација и станале МАКЕДОНИСТИ за да го разделат бугарското ткиво.

Ова јас не го измислив, ова јас го цитирав.
Македонистите како поим се творба на тоа време и за точна дефиниција на Анти-Бугарштината или претопувањето на бугарите во Македонци со помош на Тито. Повеќе за ова не објаснувам, а има и многу.

На пример Венко Марковски по стенограми бил покајан Македонист кој се вратил на Бугарските Корени.

Ваква изјава пред посета на Македонија значи дека во Бугарија нема Македонци и ако има тие се заведени Бугари и претворени во Македонисти.

Во Македонија пак има Бугари кои не се откажале од своите корени, а Македонистите се на власт во Македонија и не ги признаваат правата на својте браќа и нивниот корен.

Добар почеток на затоплување на односите после 4 годишно преговарање на НИШТО.

И веќе да не се правиме многу паметни ни ние ни советниците. Ние сме во длабока дефанзива ма колку се жалите во ЕУ и САД да помогнат.

Оваа работа и порано и сега ќе ја наречам –Невозможна ситуација каде нашите се виновни колку и Бугарија, ни помалку ни повеќе и без разлика што преговарачите Бучковски/Димитров сега би изјавиле.

Да мудруваме сега и не е добро. Иако многу често на цел глас зборувавме- Не оди таа работа така. Ама ајде тоа е. С У Е Т И !”, пишува Чкатроски за изјавата на Петков дека во Бугарија нема Македонци.