Чироки Индијанците против нивното име да е назив на џип

Поглавицата на на индијанското племе Чироки,Чак Хоскин Jуниор, побара компанијата „Јееp“ да престане да го користи името на неговиот народ во имињата на автомобилите џип – „Гранд чироки“ и „Чироки“, објави Си-Ен-Ен.

Од компанијата велат дека имињата на автомобилите се внимателно избрани и утврдени пред многу години за да им се оддаде почит на индијанкиот народ за нивната благородност, храброст и гордост.

Автомобилите на Jeep Cherokee се произведуваа од 1974 до 2001 година, производството на автомобили под ова име беше обновено во 2013 година. Во 1993 година се појави Jeep Grand Cherokee.