Новинарот и поранешен дописник од Вашингтон Цветин Чилиманов ги анализира фалбите на владата која вчера од ЕУ доби 80 милиони евра помош за надминување на кризата.

Чилиманов анализира дека добивањето на парите од Брисел во момент кога е потпишан договор за Фронтекс, (Системот на ЕУ кој се грижи за границите на унијата и контрола на миграцијата во неа) значи дека Македонија се обврзува дека нема да дозволи неконтролиран премин на мигранти од Блискиот Исток и Африка кон ЕУ, како што се случи во 2015 и 2016 година.

Новинарот анализира дека всушност македонските граѓани, ако воопшто владата им ги подели парите од ЕУ би добиле за целата претстојна зима и есен по 40 евра за да се соочат со кризата.

,,Потпишале договор да им бидеме граничари-тепачи на мигранти на ЕУ и добиле 40 евра по грло на жител на Северна за да пробаме со тоа да ја преживееме зимата. И паѓаат во несвест, каков успех човече 😄😄😄”, пишува Чилиманов во својот ироничен пост.

Ако се поделат 40 евра на 5 месеци колку што трае грејната сезона секој Македонец ќе добие по околу 480 денари месечно и тоа само ако владата им ги даде директно.

Ако владата реши да ги троши за свои потреби извесно е дека граѓаните нема да видат голем директен ќар од парите дадени од Брисел.

Најчитани вести

Туризам на државна сметка или Македонија ги менува европските приоритети

Дипломатија или расипништво: Што прават десетина македонски дипломати далеку од ЕУ во Јордан