Три спротивставени изјави дадени од институции водени највисоки државни функционери во рок од 24 часа упатуваат на целосна дисфункционалност и некоординираност на македонските безбедносни служби.

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера даде изјава која е целосно спротивна на изјавите на министерствата за одбрана и надворешни работи кои ги водат Бујар Османи и Славјанка Петровска.

Според Пендаровски во Украина има десет македонски државјани кои заминале да се борат на фронтот со Руските агресори.

Завчера министерствата за надворешни и за одбрана во изјави за ТВ24 тврдеа дека воопшто нема македонски државјани кои се борат на украинскиот фронт.

,,Ммакедонското МНР и Министерство за Одбрана – со став – нема наши државјани кои учествуваат во борбата во Украина.

„Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзани со евентуално учество на наши државјани во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војната. МНР постојано и внимателно ја следи ситуацијата преку амбасадата во Украина. Штом ке има нови информации јавноста ке биде информирана.“ – велат од МНР”, се вели во прилогот на ТВ24 кој 24 часа подоцна е демантирам од претседателот Пендаровски.

Со спротивните изјави членката на НАТО покажува дека во власта нема соодветна координацијата на безбедносно-разузнавачката заедница.