Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ вчера објави пост во кој ја анализира политичката ситуација во земјава а во коментар објави слајд од резултати на анкета која досега не е објавена во јавноста.

Според делот од слајдот што го објавува Стоиљковиќ се работи за резултати на прашање на која политичка личност во Макеоднија најмногу и се верува.


Според табелата во Македонија најмногу му се верува на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој добива 10 проценти а лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски има пет пати помалку или само два проценти.

Со оглед на тоа што кај Мицкоски бројката е напишана со црвена најверојатно се работи за прашање кое се оценува со оценка од 1 до 10 а Мицкоски го добил максимумот.

Интересно е и тоа што слајдот е напишан на латиница што укажува на можноста дека анкетата ја правеле или анализирале странци.

Досега во јавноста не е објавена ваква анкета а не е тајна дека за свои потреби најголемите партии нарачуваат анкети за различни прашања кои некогаш не се објавуваат.

Целиот пост на Стоиљковиќ со коментарот каде е објавен мистериозниот слајд

ИДЕМООО…БРЕ! Стоиљковиќ најавува прошетка на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори

Последна вест

Шест поенти што ја откриваат реалната катастрофална ситуација

Екс вице-гувернерка на НБРМ со драматична анализа на македонските финансии (ФОТО)