Лидерот на партијата Вазраждание која има 27 пратеници во парламентот на Бугарија кој е составен од 240 народни претставници отворено бара припојување на Македонија кон Бугарија.
Лидерот на партијата Костадин Костадинов кој по наредните избори може една биде клучен фактор за формирање на политичка бугарска влада објавува памфлет според кој Македонците се Бугари, Македонија е втора бугарска земја во Европа, македонскиот јазик е бугарска јазична норма а иднината на Македонија е во Бугарија.
Партијата Вазраждание или Обнова е проруска и се залага за поблиско односи меѓу Москва и Софија. Во моментов има над 11 % од пратениците во Собранието.
Ниту една бугарска или европска институција засега не реагира на бугарскиот напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија од страна на европски политичар.
Костадинов не открива дали Бугарија ќе ја повтори окупацијата и анексијата на Македонија од фашистичка Бугарија од 1941 година или пак се надева Македонците сами да побараат да се припојат кон соседот.
Костадинов нема јавно објавено дали е деловно способен или има ментални проблеми.