Бројот на загинати во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Македонија се зголеми на четворица, откако на повредите им подлегна и четвртиот патник од автомобилот што се судри со автобусот од Србија, додека пак повредени се 49 српски туристи, според информациите на дописничката на МИА од Атина. 

Според грчката државна телевизија ЕРТ постоел директен судир на двокатен туристички автобус со 78 туристи од Србија со автомобил, загинале тројца од четворицата патници во возилото, а повредени се околу 45 српски туристи, од кои петмина се сериозно.

Од ударот автобусот излетал од патот, тројца од четворицата патници во автомобилот загиниле, додека пак подоцна и четвртиот, кој бил пренесен во болница им подлегнал на повредите 

Веројатно станува збор за грчки државјани. 

По директниот судир налетало и второ возило со српски регистарски таблици кое удрило во првиот автомобил.

Во него биле мајка и дете, кои не се повредени

Од туристичкиот автобус, 49 патници се пренесени во три болници. 

По сообраќајната несреќа, автопатот од границата со Македонија е затворен за сообраќај и во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон стариот пат.