На денешен ден во 2019 година беше изречена пресудата на скопскиот Кривичен суд за настаните од 27 април 2017 година, со која уставобранителите добија вкупно 211 години затвор.
Апелацискиот суд на 12 февруари 2021 година на 16. обвинети им ги намали казните на вкупно 188 години затвор. На 23 септември 2022 година осудените се обратија до Врховниот суд со барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда. Највисоката судска инстанца во државата оттогаш се нема изјаснето.
„Што чека Врховниот суд за да се изјасни за случајов? Охрабрете се и вратете го случајот во прв степен! Време е!
Заслужуваат правда!
Заслужуваат фер судење за да докажат дека не се терористи, туку политички затвореници!
Заслужуваат слобода!
#СлободаЗаУставобранителите“, реагира на Фејсбук глобалната координаторка на непартиското движење „Ние сме Македонија“, Ана Дукоска.
Утре во Собранието треба да се отвори расправа за влегување на предлог-законот за уставобранителите пред народните избраници.