Само 30 часа откако премиерот Ковачевски од Брисел порача дека бугарските позиции спакувани како ,,Француски предлог” се неприфатливи за Македонија министерот за надворешни работи вели владата сепак може да ги прифати барањата на Софија.

Османи за 360 Степени вели дека ако до 30 јуни односно до крајот на француското претседавање со ЕУ Илинденска добие нов предлог Македонија може да ја прифати катастрофалната преговарачка рамка.

Османи во обид да прикаже дека има позитивна измена нуди целосно неважна бугарска промена на позицијата која се однесува на Договорот од 2017 година без притоа да анализира дека во вчерашната одлука на бугарското собрание се додаваат четири нови шовинистички точки а отворено се бара и македонскиот јазик да биде предмет на преговорите на Македонија со ЕУ.

Небулозите на Османи како да имаат цел јавноста да се дефокусира од прашањето зошто и кој врши притисок Ковачевски да го смени ставот наспроти позицијата на безмалку целата јавност со исклучок на неколку луѓе, замислени ,,опонионмејкери” блиски на пропагандниот тим на СДСМ кои за три-четири дена во обдрана на владата го изгубија кредибилитетот што го граделе со децении.

Кои се луѓето кои имаат интерес Ковачевски да го смени ставот од четвртокот:

1. Зоран Заев кој директно беше споменат од претседателот Макрон и кој според владини јавни извори бил инволвиран до деталите од шовинистичките бугарски барања. Заев деновиве е во постојан индиректен контакт со Ковачевски кој според информациите од Струмица ,,го изневерил”.

Луѓе од неговото опкружување не исклучуваат дека ако Ковачевски не го заврши тоа што го договориле предходно во јавноста ќе излезат мрсни детали за бизнис зделки на актуелниот премиер кои биле добиени во времето на тој што го постави на шеф на СДСМ.

2. Француската дипломатија која не може да прифати било кој партнер во случајов Ковачевски и Османи а предходно и Заев, да си играат ,,дрндупки” со најмоќниот човек во Европа кој по губењето на францускиот парламент, поради Македонија го загуби планираниот европскиот триумф во Брисел.

Срамот на Макрон пред Берлин, Рим, Лондон и Вашингтон е неподнослив за Париз да не се обиде да го разубеди Скопје да го смени ставот.

Аргументот на Франција зошто Ковачевски треба да се премисли е едноставен: Една изјава на официјален Париз дека со Македонија е завршено затоа што не стои на договорите и објавување на детали од нив ќе значи крај за владата на Ковачевски. Дури и по цена ДУИ да ги купи, киднапира или убеди сите пратеници на Алијанса и БЕСА.

3. Али Ахмети кој нема емоции за бугарските шовинистички барања и кој има единствена цел да ја контролира владата на Ковачевски ако таа по секоја цена води до преговори.

Сегашниот состав на Илинденска, ако премиерот се премисли ќе опстане, но ако Ковачевски опстои на одбивање на францускиот предлог тогаш ДУИ самата може да ја урне владата која ќе биде бетонирана во подрумските простории на ЕУ и како таква ќе биде некорисна за Мала Речица.

4. Кирил Петков кој има интерес Македонија да ги прифати бугарските позиции затоа што така има некакви шанси да ја спаси својата политичка кариера. Изнесување на детали од преговорите со Ковачевски од страна на Петков кој ќе открие дали Владата прифатила да се откаже од Макеодонскиот идентитет во замена за преговори за ЕУ, ќе значи крај на лидерот на СДСМ.

Трите партии од владината коалиција Демократскиот Сојуз, ДОМ и ЛДП се петтата непозната во равенката која влијае на одлуката на Ковачевски но во обратен правец.

Според најавата овие три партии со четири пратеници ќе заминат од владата ако Ковачевски се премисли и прифати при влезот во ЕУ да се откажеме од Гоце Делчев Македонецот и да го прифатиме за Бугарин.

Така ќе се создаде самоубиствена позиција за Ковачевски кој ќе остане сам меѓу ДУИ, Алтернатива и ДПА на Мендух Тачи наспроти сите македонски политички фактори.

Слична е и улогата на германските и британските инсталации во Скопје кои деновиве преку своите канали кои се јасно видливи ја вжештуваат атмосферата со францускиот предлог поради свои геостратешки причини.

Претседателот Пендаровски е посебна приказна која е поврзана со сите предходно наведени фактори особено со некои од последните споменати но за него во друга прилика.

За целата ситуација гласно зборува и молкот на американската амбасада во Скопје која има принципиелен став билатералните прашања да не бидат дел од рамката за преговори со ЕУ.

Ќе остане ли Ковачевски на зборот или од страв дека ќе му падне владата а нему ќе му бидат отворени низа афери, ќе се премисли и ќе прифати да преговара со бугарскиот шовинизам под во рамки на ЕУ ќе се знае најдоцна до 30 јуни кога Макрон ќе се тргне од административниот трон на ЕУ и ќе остане де факто највлијатениот политичар во Европа.