Бугарски културен центар што го носи името на Цар Борис III ќе биде отворен на 7 октомври во Охрид, на само 4 дена пред одбележувањето на Денот на востанието на македонскиот народ, токму против фашистичкиот окупатор.

Специјален гостин на отворањето ќе биде бизнисменот и филантроп д-р Милан Врабевски, со чија финансиска помош е отворен клубот.

Најава за отворањето на бугарски културен клуб со името Цар Борис III предизвика многу полемики во македонската јавност. Се дозна дека охридскиот клуб бил отворен без позитивно мислење од Министерството за правда, но со писмена дозвола од синот на Царот Борис III, Симеон Саксобурготски, поранешен премиер на Бугарија.

Не е јасно зошто отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид се отвора токму на овој датум, ако не е во прашање – провокација.

Во бугарската историографија Борис III е познат и како „Цар Обединител“, зашто во соработка со Силите на оската во Втората светска војна Бугарија сe проширува во границите на Санстефанска Бугарија, кратко, до капитулацијата на Бугарија, пишува Плусинфо.